Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
СеизмоЅид PDF Печати Е-пошта

Logo-SeismoZid

СЕИЗМИЧКА ПОВРЕДЛИВОСТ НА ПОСТОЕЧКИ ЅИДАНИ ЗГРАДИ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРОЕКТ СЕИЗМОЅИД

 

 

ПРЕДМЕТ

Предмет на интерес во проектот се ѕиданите згради изведени во првата половина на минатиот век кои во моментот се седиште на јавни институции од образованието, администрацијата, судството и културата. Определување на методологија за определување на нивна повредливост е дел од очекуваните резултати. Особен акцент е ставен на дефинирањето на сеизмичкиот хазард на територијата на Pепублика Македонија.

 

ЦЕЛ

Крајна цел на проектот е определување криви на повредливост на карактеристични класи на објекти на територијата на Pепублика Македонија.

 

 

Опис на проектот

Имајќи го предвид значајниот број на постоечки објекти изградени пред постоење на регулатива за асеизмичко проектирање, ублажувањето на сеизмичкиот ризик е возможно само ако се обезбедат информации за нивната повредливост. Во рамките на постоечки објекти изградени пред постоење на регулатива доминираат ѕиданите конструкции. Така, во нашата земја токму во ѕидани конструкции има сместени јавни институции , и тоа:

  • Образовни - детски градинки, основни и средни училишта, високообразовни институции,
  • Администрација - министерства, локална самоуправа, судови, но и
  • Културни институции - музеи, архиви и др.

Во рамките на предложеното истражување, одбрани се дваесет објекти од ѕидарија изградени кон крајот на деветнаесеттиот и првата половина од дваесеттиот век, кои што според својата актуелна намена влегуваат во погоре посочените категории на јавни институции.

Избраните конструкции, според архитектурата, конструктивниот систем и применетите конструктивни материјали, претставуваат типолошки претставници на избраната класа на објекти. За секој од избраните конструкции прво се спроведени тестови со амбиентални вибрации со цел да се определат нивните реални динамички карактеристики како и процена на нивната носивост. Во втората фаза на истражувањето, ќе се примени аналитичка методологија за определување на функцијата на сеизмичка повредливост со што ќе се определи функцијата (кривата) на повредливост на секој објект поединечно.

Заслужува да се потенцира дека значаен дел од аналитичката методологија е и дефинирањето на сеизмичкиот хазард во Република Македонија. За таа цел ќе се користат расположивите податоци од Сеизмолошката опсерваторија и во зависност од нив ќе се одбере начин на дефинирањето на сеизмичкиот хазард за избраните карактеристични конструкции.

 

Работни пакети

Активностите од истражувањето се организирани во четири истражувачки работни пакети (РП):
РП 1: Избор и анализа на репрезентативни конструкции

РП 2: Експериментални истражувања

РП 3: Корелација на модели од измерен и симулиран конструктивен одговор на конструкциите

РП 4: Определување криви на повредливост на избраните конструкции

 

Очекувани резултати

  • Определување на механички карактеристики на ѕидаријата со примена на амбиентални вибрации и калибрирање на пресметковниот модел на конструкциите.
  • Споредба на така добиените механички карактеристики со вредностите добиени од тестови на примероци од материјалот.
  • Контрола на сеизмичката носивост на карактеристичните конструкции според актуелниот Правилник за техничките нормативи за изградба на објекти на високоградбата во сеизмички подрачја од 1981 год. (ПИОВСП81).
  • Дефинирање методологија за определување функција на сеизмичка повредливост на типична ѕидана конструкција во Македонија, што вклучува:
    • определување на локалниот сеизмички хазард
    • избор на метода за нелинеарна анализа на ѕиданите конструкции
    • избор на показател на штети и состојби на штети
  • Примена на дефинираната методологија на сите 20 карактеристични конструкции и определување на нивните функции на повредливост.
  • Споредба на добиените функции на сеизмичка повредливост на поедините ѕидани конструкции со криви на повредливост дефинирани за класи на ѕидани конструкции кај нас, но и во поширокиот регион.

 

Вкупните резултати ќе бидат систематизирани и презентирани во монографија посветена на сеимичката повредливост на ѕидани конструкции.

 

Партнери и учесници

Logo-SeismoPMF

(МК)

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Градежен факултет Скопје,

Катедра за теорија на конструкции и компјутерска анализа

Проф. д-р Елена Думова-Јованоска (раководител на проектот)
Проф. д-р Грозде Алексовски
Проф. д-р Лилјана Денковска
Вон. проф. д-р Сергеј Чурилов
М-р Кристина Милкова
М-р Симона Богоевска
Стефан Мицевски, дипл. град. инж.

Студенти соработници: м-р Кирил Перунковски, Фестим Адеми, Александра Настова, Ивана Николовска,

Александар Руменовски, Дамјан Стаматовски, Борис Тошев, Мартина Тренова, Петар Цветановски

Logo-SeismoPMF

(МК)

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет,

Сеизмолошка опсерваторија на Република Македонија

Д-р Лазо Пекевски
Д-р Драгана Черних-Анастасовска
М-р Катерина Дрогрешка
Logo-Trieste

(ИТ)

Универзитет во Трст, Оддел за математика и наука за Земјата

Dr. Fabio Romanelli
Dr. Franco Vaccari
Prof. Giuliano Francesco Panza

 

Logo-Objekti-long

 

 

Референци

  • Думова-Јованоска, Е., Алексовски, Г., Денковска, Л., Чурилов, С., Милкова, К., Богоевска С., Мицевски, С. Сеизмичка повредливост на постоечки ѕидани згради во Македонија, проект СеизмоЅид. 17ти симпозиум на ДГКМ, Охрид, 4-7 октомври 2017.

Проширено резиме (англиски)

Труд (македонски)

Презентација на проектот (англиски)

  • Dumova-Jovanoska, E., Aleksovski, G., Denkovska, Lj., Churilov, S., Milkova, K., Bogoevska, S., Micevski, S. Seismic Vulnerability of Existing Masonry Structures in Republic of Macedonia-SeismoWall, 16th European Conference on Earthquake Engineering, Thessaloniki, 18-21 June 2018.
  • Churilov, S., Micevski, S., Dumova-Jovanoska, E. Ambient Vibration Testing of Public Unreinforced Masonry Buildings built in the beginning of the 20th Century. 16th European Conference on Earthquake Engineering, Thessaloniki, 18-21 June 2018.
  • Milkova, K., Rosin, J., Butenweg, C., Dumova - Jovanoska, E. Methodology for Development of Seismic Fragility Curves for Existing Masonry Buildings in Republic of Macedonia, 16th European Conference on Earthquake Engineering, Thessaloniki, 18-21 June 2018.
  • Milkova, K., Dumova-Jovanoska, E., Drogreshka, K., Chernih-Anastasovska, D., Pekevski, L., Romanelli, F., Vaccari, F., F. Panza, G. Application of Neo-deterministic Analysis for Reliable Seismic Hazard Assessment in Republic of Macedonia, 16th European Conference on Earthquake Engineering, Thessaloniki, 18-21 June 2018.
  • Denkovska, L., Aleksovski, G., Milkova, K. The Influence of In-plane Stiffness of Timber Floors on the Seismic Response of Existing Masonry Buildings, 16th European Conference on Earthquake Engineering, Thessaloniki, 18-21 June 2018.

 

Брошура

Broshura_logo_web

Последно освежено на Понеделник, 04 Декември 2017 11:20