Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
- Профил на катедрата PDF Печати Е-пошта

Предмет на изучување во наставните дисциплини во Катедрата за теорија на конструкциите се класичните и матричните методи за статичка и динамичка анализа и анализа на стабилноста на конструктивните системи. Особен акцент се дава на математичкото моделирање на реалните конструкции со примена на најновите софтверски пакети во светот. Катедрата ги покрива и наставните дисциплини од областа на информатиката, изучување на програмски јазици, програмирање, нумерички методи за решавање на проблемите од инженерството и примена на софтвер за нумеричка анализа.

Во образовниот процес кој се одвива на Градежниот факултет, Катедрата покрива поголем број предметни програми од првиот и вториот циклус на студии, како и предметна програма на Архитектонскиот факултет во Скопје.

На додипломските студии застапени се предметите:

  • Информатика;
  • Нумерички методи во градежништвото;
  • Статичка анализа на линиски конструкции;
  • Теорија на плочи и лушпи;
  • Динамика на конструкции;
  • Ѕидани конструкции;
  • Метод на конечни елементи и модели;
  • Асеизмичко проектирање;
  • Инженерско моделирање;
  • CAD ориентиран софтвер;
  • Програмирање;
  • Теорија на конструкции (Арх. факултет).

 

На последипломските студии се одржуваат предавање по:

  • Нумеричка анализа;
  • Современо компјутерско програмирање;
  • МКЕ во определување на граничната носивост на АБ конструкции;
  • Анализа на конструкции при големи поместувања (геометриска нелинеарност);
  • Однесување на конструкции на динамички товари;
  • Метод на конечни елементи;
  • Одбрани поглавја од теорија на конструкциите;
  • Одбрани поглавја од динамика на конструкциите;
  • Асеизмичко проектирање 2;
  • МКЕ во нелинеарна анализа на конструкциите;
  • Оптимализација на конструкциите.

 

Во одредени периоди Катедрата држела предавања по одредени предметни програми и на други факултети, како:

  • Статика на архитектонски конструкции, на Архитектонскиот факултет при УКИМ;
  • Информатика, на Шумарскиот факултет при УКИМ.

 

Особено сериозен пристап кон научно-образовниот процес Катедрата посветува на меѓународната соработка со другите универзитети и факултети од соседството и Европа. Во тој поглед остварени се повеќе стручно истражувачки престои.
Исто така, Катедрата учествува и во работа на повеќе национални научно-истражувачки проекти, како и на меѓународни научно истражувачки проекти (PROHITECH-earthquake PROtection of HIstorical buildings by reversible mixed TECHnologies), Sixth Framework Programme-FP6).

Сознанијата од научната работа, членовите на катедрата редовно ги публикуваат на домашни и меѓународни конгреси, конференции, симпозиуми и работилници.
Во рамки на својата образовна дејност, Катедрата организира и одржува презентаци и летни школи посветени на одредени области од конструктивната анализа и проектирањето на конструкции.

 

Полиња на интерес во научно - истражувачката дејност:

  • Конструкции од високоградбата во сеизмички подрачја;
  • Армирано-бетонски лачни брани и стабилност;
  • Оптимализација и хомогенизација на конструкции;
  • Нелинеарна анализа на конструкции;
  • Анализа на конструкции изложени на пожар;
  • Историски и ѕидани конструкции;
  • Набљудување здравје на конструкции;
  • Идентификација на конструктивни системи со тестови со амбиентални вибрации.

 

Kатедрата е опремена со најсовремен софтвер за решавање на најсложените аспекти од анализата на однесувањето на конструкциите, како:

SOFiSTiK
Robot Millennium, Autodesk Robot Structural Analysis
SAP2000
Fedra
IDARC2D
3D Macro
LimitState:RING
Matlab
Artemis Extractor
ANSYS

 

Во апликативната примена на научните сознанија учествуваат сите челнови на Катедрата, при што постои добра соработка и со поранешните членови на Катедрата во сите фази на проектирање и ревизија на проектно-техничката документација.
Наставниот кадар, научните сознанија, силната софтверска поддршка, опременоста и искуството на наставниот кадар се гаранција за интензивен динамички развој на Катедрата и во иднина, што претставува основен предуслов за успешна едукација на студентите.

Последно освежено на Недела, 26 Февруари 2012 22:37