- Програм за пресметување тонови форми Печати
SDAscreenshot Ви го претставуваме софтверот Structural Dynamic Analysis, производ на MCP од Универзитетот Шираз во Иран (Shiraz University).

Програмот е наменет за пресметување тонови форми за слободни осцилации (модална анализа). Тоновите форми и соодветните фреквенции програмот ги пресметува со внесување на крутоста и масата за секој кат. Максимален број катови што може да се пресметаат е 90. Анализата се врши со 4 метода: Рејлиев, Холцеров, Стодола (матрична итерација) и метод со детерминанти. Резултатите се прикажуваат нумерички и графички.

Овој програм е идеален за студенти кои сакаат да ги сфатат ефектите на крутоста и масата врз однесувањето на конструкцијата.

Програмот е бесплатен, а може да го превземете тука.
Последно освежено на Вторник, 31 Јануари 2012 08:52