Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Почетна Новости
- Structural Health Monitoring PDF Печати Е-пошта
Последно освежено на Петок, 24 Февруари 2012 15:33
 
- Рангирање на универзитети во светот PDF Печати Е-пошта

Рангирањето на универзитетите во светот - Webometrics е иницијатива на лабораторијата Cybermetrics, која што претставува истражувачка група со состав на најголемото јавно тело за истражување во Шпанија - Consejo Superior de Investigaciones Científicas (CSIC). Тоа е меѓу првите основни истражувачки организации во Европа. Од 2006 год. се состои од 126 центри и институти за истражување ширум Шпанија. Оваа организација е поврзана со Министерството за образование на Шпанија и негова главна цел е да врши промоција на научно-истражувачката работа која ќе го подобри напредокот на научниот и технолошкиот степен на една земја со што ќе допринесе за зголемување на благосостојбата на неговите граѓани.

fondo_webometrics_en

Организација соработува со други институции на шпанскиот систем за истражување и развој (универзитети, автономни влади, јавни и приватни истражувачки органи), како и со социјални, економски, национални и странски агенти со кои придонесува за развој на истражувачки проекти во истражувачкиот капацитет, човечките и материјални ресурси или во форма на консултантска, научна и техничка поддршка. CSIC е формирана во 1939 год. од претходното тело Junta para la Ampliación de Estudios e Investigaciones Científicas, формирано во 1907 год. под водство на шпанскиот добитник на нобелова награда во 1906 год. за психологија или медицина проф. Ramón y Cajal.

Лабораторијата на Cybermetrics, дел од CCHS - CSIC, е посветена на квантитативна анализа на интернет и веб содржини, особено оние поврзани со процесот за создавање наука и научна комуникација. Оваа е нова растечка дисциплина, наречена Cybermetrics или Webometrics. Лабораторијата користи квантитативни методи со кои формирала и применила индикатори за мерење на научната активност на интернет. Индикаторите на Cybermetrics се користат за евалуација на науката и технологијата и претставуваат целосно дополнување на резултатите добиени со библиометриски медоти во научнометричките студии (научна дисциплина за мерење и анализа на науката).

The Cybermetrics Lab using quantitative methods has designed and applied indicators that allow us to measure the scientific activity on the Web. The cybermetric indicators are useful to evaluate science and technology and they are the perfect complement to the results obtained with bibliometric methods in scientometric studies.

Карактеристичните области за истражување ги вклучуваат:

  • Развој на интернет индикатори за примена во научно-истражувачките и развојни области во Шпанија, Европа, Латинска Америка и во светот
  • Квантитативни студии за научната комуникација преку електронски списанија и депоа, како и влијанието на иницијативата Отоврен Пристап (Open Access)
  • Развој на индикатори за извори во светот на информации
  • Визуелизација на индикатори и социјални мрежи на интернет со динамички и интерактивни графички интерфејс
  • Формирање и процена на техники за документирање на веб ресурси
  • Студии за жанровска застапеност на научната активност на интернет
  • Развој на применети техники за киберметрика врз основа на позиционирање на пребаруваќките машини на интернет домени
  • Анализа за користење на информациите преку интернет пребарување на лог датотеки.

 

Врз основа на податоците од 15.000 анализирани универзитети, Webometrics има извршено рангирање за повеќе од 5.000 универзитети врз основа на следниве критериуми:

  • Големина на веб страна - 20% (број на страници пронајдени со Google, Yahoo и Bing)
  • Достапност на датотеки за превземање - 15% (датотеки од типот: Adobe Acrobat (.pdf), Adobe PostScript (.ps), Microsoft Word (.doc) и Microsoft Powerpoint (.ppt) пронајдени со Google, Yahoo и Bing)
  • Google Scholar - 15% (податоци комбинирани со артикли публикувани помеѓу 2006 и 2010 год. вклучени во Google Scholar и глобалниот извештај за 2004-2008 гд. на Scimago SIR
  • Видливост на линкови - 50% (вкупен број на единствени надворешни линкови по веб страна, според Yahoo Site Explorer.

 

Според последната листа на Webometrics од јануари 2012 год, Ви претставуваме рангирање на најдобрите универзитетите во светот и универзитети од регионот. Комплетната листа (топ 20.369) може да се погледне тука.

Место Универзитет Земја
1 Harvard University
САД
2 Massachusetts Institute of Technology САД
3 Stanford University САД
4 University of Michigan САД
5 University of California Berkeley САД
17 University of Toronto Канада
20 Universidade de São Paulo USP (2) Бразил
24 Eidgenössische Technische Hochschule ETH Zürich Швајцарија
24 University of Cambridge Велика Британија
36 University of Oxford Велика Британија
41
Universitat Politècnica de Catalunya BarcelonaTech (1) Шпанија
56 Utrecht University / Universiteit Utrecht Холандија
57 Universität Freiburg Германија
79 Universidade do Porto Португалија
80 University of Ljubljana Словенија
97 Masaryk University in Brno / Masarykova Univerzita v Brne Чешка
126 Charles University in Prague / Univerzita Karlova v Praze Чешка
138 Rheinisch Westfalische Technische Hochschule Aachen Германија
147 Lomonosov Moscow State University Русија
150 Universität Hamburg Германија
158 Aristotle University of Thessaloniki Грција
197 Université de Geneve Швајцарија
263 Universidade do Minho Португалија
272 Ruhr Universität Bochum Германија
293 Jagiellonian University / Uniwersytet Jagiellonski Полска
342 Middle East Technical University Турција
369 National Technical University of Athens Грција
446 University of Zagreb Хрватска
490 Comenius University in Bratislava Словачка
681 Sofia University Saint Kliment Ohridski Бугарија
712 Bogazici University Турција
716 University of Belgrade Србија
1040 University of Novi Sad Србија
1163 Ss Cyril and Methodius University Skopje Македонија
1245
University of Sarajevo Босна и Херцеговина
1253 University of Nis Србија
1390 Technical University of Sofia Бугарија
1550 University of Rijeka Хрватска
4172 Institute of Informatics UKIM-Skopje Македонија
4517 Saint Clement of Ohrid University of Bitola Македонија
4545 University Goce Delcev Stip Македонија
4549 European University Macedonia Македонија
4813 South Eastern European University Македонија
8706 FON University Македонија
9291 MIT Faculties Македонија
9892 University of Tirana Албанија
9947 University of Montenegro Црна Гора
10375 Mediterranean University Montenegro Црна Гора
10755 American College Skopje Македонија
12916 New York University Skopje Македонија
20369 
University of Medical Sciences & Technology Судан

Претходни листи: Јули 2011

 

Последно освежено на Петок, 26 Октомври 2012 08:16
 
- Програм за пресметување тонови форми PDF Печати Е-пошта
SDAscreenshot Ви го претставуваме софтверот Structural Dynamic Analysis, производ на MCP од Универзитетот Шираз во Иран (Shiraz University).

Програмот е наменет за пресметување тонови форми за слободни осцилации (модална анализа). Тоновите форми и соодветните фреквенции програмот ги пресметува со внесување на крутоста и масата за секој кат. Максимален број катови што може да се пресметаат е 90. Анализата се врши со 4 метода: Рејлиев, Холцеров, Стодола (матрична итерација) и метод со детерминанти. Резултатите се прикажуваат нумерички и графички.

Овој програм е идеален за студенти кои сакаат да ги сфатат ефектите на крутоста и масата врз однесувањето на конструкцијата.

Програмот е бесплатен, а може да го превземете тука.
Последно освежено на Вторник, 31 Јануари 2012 08:52
 
- Резултати по Асеизмичко проектирање 2 PDF Печати Е-пошта
testРезултатите од постигнатиот успех по предметот Асеизмичко проектирање 2 (последипломски студии) се поставени во делот 'Превземање'.
Последно освежено на Понеделник, 30 Јануари 2012 15:59
 
- Распоред на испити за сесии во 2012 PDF Печати Е-пошта
Предмет
Сесии 2012 год.
мај-јуни
август-септември
мај
јуни
Просторија
август
септември Просторија
Метод на конечни елементи и модели
19 5
111 20
4
111
Ѕидани конструкции
23 7
111
23
7
111
Теорија на плочи и лушпи
19
5
111
20
4
111
Компјутерско моделирање
19
5
КЦ
20
4
КЦ
Информатика 23
7 КЦ
23 7
КЦ
Програмирање 23 7 КЦ
23
7
КЦ
CAD ориентиран софтвер 23 7 КЦ
23 7
КЦ
Статичка анализа на линиски к-ции 19 5 111
20
4
111
Динамика на конструкции 23
7 111
23 7
111
Нумерички методи во градежништвото
23
7
111
23
7
111
Асеизмичко проектирање
23
7
111
23
7
111
Последно освежено на Сабота, 28 Јануари 2012 15:01
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Лист 4 од 6