Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Почетна Новости
- Упатство за користење SAP2000 PDF Печати Е-пошта

Поставено е ново упатство за користење на софтверот за анализа на конструкции SAP2000. Ова упатство се однесува за моделирање на реална армирано-бетонска конструкција во програмот, формирање на пресметковниот модел, аплицирање на товари и пресметување на динамички карактеристики на конструкцијата.

Упатството пред се е наменето за студентите кои го слушаат предметот Теорија на конструкции на Архитектонскиот факултет.

Последно освежено на Понеделник, 06 Декември 2010 10:02
 
- Презентација на Isospan-првиот еколошки градежен материјал во Македонија PDF Печати Е-пошта
pokana-za-seminar-isospan-P
Последно освежено на Вторник, 24 Ноември 2009 14:40
 
- Упатство за користење на Robot Millennium PDF Печати Е-пошта
downloadПоставено е Упатство за работа при моделирање и анализа на конструкции со софтверот Robot Millennium (Autodesk Robot Structural Analysis). Упатството првенствено е наменето за студентите на Градежниот факултет-Скопје. Превземањето може да ги направите тука.
Последно освежено на Среда, 18 Ноември 2009 13:37
 
- Профил на катедрата PDF Печати Е-пошта

Предмет на изучување во наставните дисциплини во Катедрата за теорија на конструкциите се класичните и матричните методи за статичка и динамичка анализа и анализа на стабилноста на конструктивните системи. Особен акцент се дава на математичкото моделирање на реалните конструкции со примена на најновите софтверски пакети во светот. Катедрата ги покрива и наставните дисциплини од областа на информатиката, изучување на програмски јазици, програмирање, нумерички методи за решавање на проблемите од инженерството и примена на софтвер за нумеричка анализа.

Во образовниот процес кој се одвива на Градежниот факултет, Катедрата покрива поголем број предметни програми од првиот и вториот циклус на студии, како и предметна програма на Архитектонскиот факултет во Скопје.

На додипломските студии застапени се предметите:

  • Информатика;
  • Нумерички методи во градежништвото;
  • Статичка анализа на линиски конструкции;
  • Теорија на плочи и лушпи;
  • Динамика на конструкции;
  • Ѕидани конструкции;
  • Метод на конечни елементи и модели;
  • Асеизмичко проектирање;
  • Инженерско моделирање;
  • CAD ориентиран софтвер;
  • Програмирање;
  • Теорија на конструкции (Арх. факултет).

 

На последипломските студии се одржуваат предавање по:

  • Нумеричка анализа;
  • Современо компјутерско програмирање;
  • МКЕ во определување на граничната носивост на АБ конструкции;
  • Анализа на конструкции при големи поместувања (геометриска нелинеарност);
  • Однесување на конструкции на динамички товари;
  • Метод на конечни елементи;
  • Одбрани поглавја од теорија на конструкциите;
  • Одбрани поглавја од динамика на конструкциите;
  • Асеизмичко проектирање 2;
  • МКЕ во нелинеарна анализа на конструкциите;
  • Оптимализација на конструкциите.

 

Во одредени периоди Катедрата држела предавања по одредени предметни програми и на други факултети, како:

  • Статика на архитектонски конструкции, на Архитектонскиот факултет при УКИМ;
  • Информатика, на Шумарскиот факултет при УКИМ.

 

Особено сериозен пристап кон научно-образовниот процес Катедрата посветува на меѓународната соработка со другите универзитети и факултети од соседството и Европа. Во тој поглед остварени се повеќе стручно истражувачки престои.
Исто така, Катедрата учествува и во работа на повеќе национални научно-истражувачки проекти, како и на меѓународни научно истражувачки проекти (PROHITECH-earthquake PROtection of HIstorical buildings by reversible mixed TECHnologies), Sixth Framework Programme-FP6).

Сознанијата од научната работа, членовите на катедрата редовно ги публикуваат на домашни и меѓународни конгреси, конференции, симпозиуми и работилници.
Во рамки на својата образовна дејност, Катедрата организира и одржува презентаци и летни школи посветени на одредени области од конструктивната анализа и проектирањето на конструкции.

 

Полиња на интерес во научно - истражувачката дејност:

  • Конструкции од високоградбата во сеизмички подрачја;
  • Армирано-бетонски лачни брани и стабилност;
  • Оптимализација и хомогенизација на конструкции;
  • Нелинеарна анализа на конструкции;
  • Анализа на конструкции изложени на пожар;
  • Историски и ѕидани конструкции;
  • Набљудување здравје на конструкции;
  • Идентификација на конструктивни системи со тестови со амбиентални вибрации.

 

Kатедрата е опремена со најсовремен софтвер за решавање на најсложените аспекти од анализата на однесувањето на конструкциите, како:

SOFiSTiK
Robot Millennium, Autodesk Robot Structural Analysis
SAP2000
Fedra
IDARC2D
3D Macro
LimitState:RING
Matlab
Artemis Extractor
ANSYS

 

Во апликативната примена на научните сознанија учествуваат сите челнови на Катедрата, при што постои добра соработка и со поранешните членови на Катедрата во сите фази на проектирање и ревизија на проектно-техничката документација.
Наставниот кадар, научните сознанија, силната софтверска поддршка, опременоста и искуството на наставниот кадар се гаранција за интензивен динамички развој на Катедрата и во иднина, што претставува основен предуслов за успешна едукација на студентите.

Последно освежено на Недела, 26 Февруари 2012 22:37
 
- Висококатници отпорни на земјотрес? PDF Печати Е-пошта

Ако истражувањата на инженерите од Универзитетот Мичиген се погажат успешни, висококатници отпорни на земјотреси би можеле да станат комерцијален тренд за градење во блиска иднина. Но, како овие  неуништиви облакодери може да се проектираат? Како што е објаснето во долната видео презентација, тоа може да се постигне со посилни поврзни греди изведени од армиран-бетон со челични влакна.

При испитување во лабораториски услови со симулирање земјотрес, овој нов концепт на бетонски конструкции останал отпорен и без поголеми оштетувања. "Симулиравме земјотрес што е посилен од максималниот можен земјотрес", објаснува еден професор, "и нашиот тест се покажа многу успешен".

 

Превземено од Универзитетот Мичиген.

Последно освежено на Вторник, 19 Мај 2009 09:55
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Лист 5 од 6