Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Почетна Услуги
Сервисни услуги PDF Печати Е-пошта

AVT

Катедрата за теорија на конструкции своето поле на интерес го концентрира на решавање широк спектар на практични проблеми поврзани со динамички товари и побуди. Во последните години успешно се завршени неколку проекти и изработени се студии и елаборати.

 

Спектарот на услуги што ги извршува катедрата опфаќаат:

  • Мерење на вибрации при изведба на објекти и/или во експлоатација (згради, мостови, брани, силоси, оџаци и др.)
  • Континуирано мерење на вибрации
  • Краткотраен и долготраен мониторинг
  • Идентификација на динамички карактеристики на сите видови објекти со цел определување сопствени фреквенции, тонови форми и пригушување
  • Процена и толкување на однесување на објектите под влијание на динамички товари
  • Планирање и имплементација на динамички тестови

 

За сите услуги катедрата поседува мобилна опрема за мерење со различни сензори за мерење на забрзувања и  поместувања. Покрај тоа, обработката на мерените големини се врши со соодветни софтверски решенија, комерцијален софтвер и сопствен софтверски код развиен за потребите на мерењата.

Овие услуги се достапни во секое време со претходна најава.

 

Контакт:

Проф. д-р Елена Думова-Јованоска

Доц. д-р Сергеј Чурилов

Асист. м-р Симона Богоевска
Последно освежено на Петок, 05 Мај 2017 23:25