Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Почетна
Добредојдовте PDF Печати Е-пошта
Добредојдовте на веб страницата на катедрата за теорија на конструкции при Градежниот факултет во Скопје. Тука ќе најдете тековни информации за курсевите што се предаваат од членовите на катедрата, информации за членовите и научно-истражувачките активности на катедрата.
Градежен факултет
Главни дисциплини во кои се одвиваат предавања на катедрата за теорија на конструкции се класичните и матричните методи за статичка и динамичка анализа на определени и неопределени конструктивни системи. Посебно внимание се посветува на нумеричкото моделирање на градежни и инженерски конструкции преку формирање математички модели и нивна анализа со користење на современи софтверски решенија.
Исто така, катедрата покрива курсеви по информатика, програмирање, нумерички методи во градежништвото, метод на конечни елементи, асеизмичко проектирање на згради и инженерски објекти. Со тоа, студентите добиваат теоретски и практични познавања за дефинирање и решавање на задачи порзани со анализа на широк спектар конструктивни системи.